среда, 5 мај 2010 г.

•°¯°•.¸.->♥ Еве ја и мојата приказна која кажува нешто повеке за мене:Паднав од небото на 14.06.1994....имам дувнато само 15 свеќички! Не сум совршена девојка, ниту пак сакам да бидам! Го живеам животот како што сакам, по мои правила и најдобро што можам!Можеби понекогаш сум откачена, смешна, храбра, бесмислена, гласна, весела, темпераментна, досадна, слатка, дружељубива...но тоа сум ЈАС и се сакам како таква! Не ме интересира што имаат лугето да кажат за мене - таква сум каква што сум! Не можам да поднесам снобови, злобни луѓе,љубоморни,преваранти,лицемери и луѓе што се прават нешто што не се! Имитирањето е самоубиство! БИДИ СВОЈ! Жал ми е за оние луѓе кои живеат во свој замислен свет каде што се е розево и убав, нарекувајќи се себеси „Принцези“, „Барбики“, „Куклучки“ итн. По се изгледа реалноста е премногу сурова за нив! Исто така жал ми е за оние љубоморни луѓе што ме мразат без причина! Зарем немаат нешто попаметно во животот да прават, освен мешање во туѓите животи? Љубомората е болест! ОЗДРАВЕТЕ! Изморена сум од оние луѓе што мислат дека ме знаат, а всушност во реалноста не знаат апсолутно ништо за мене! Животот е најскап подарок и не планирам да го изоставам! Сметам дека единствен начин на наоѓање на границите на возможното е одење преку нив во невозможното!Сум била многу пати разочарана од животот ...Изгледа дека денес не можеш да имаш доверба во никого зашто секој гледа како да те искористи и да направи будала од тебе, гледајќи само за себе! Понекогаш знам да бидам целосен сонувач и да го поминам времето со главата во облаци. Носталгична сум и ретко заборавам значајни моменти, дури и оние од поодамна...Се однесувам како животот да е театарска сцена, а луѓето се актерите! Имам друштво(Што си го сакам),и многу други личности а секако и да не заборавам и еден брат кој највеке од сите го сакам, Не очекувам многу луѓе да го разберат ова, но сепак...ако ме погледнеш во очи ќе видиш дека оваа девојка секогаш ќе си го најде својот пат! И за крај еден мал совет:..Држи ја главата гордо и високо бидејќи има луѓе кои ќе убијат за да те видат падната! ...